Јелена Карлеуша во кратко фустанче ги истури големите облини
Карлеуша со провокативно издание направи хаос на Инстаграм

Пејачката не престанува да прави дармар на социјалните мрежи со својот провокативен изглед.
Овој пат во прашање е жешко издание со краток сребрен фустан, додека акцентот е на нејзиното бујно деколте кое никого не остави рамнодушен.

Познатата пејачка доби бројни комплименти и лајкови на сметка на својот феноменален изглед.
Само да потсетиме, Карлеуша неодамна се најде во центарот на вниманието поради приватните фотографии што завршија во медиумите, а ги објави фудбалерот Огњан Врањеш. По ова следуваше тужба од нејзина страна, но и Врањеш реши да не седи со скрстени раце и да ја тужи пејачката – тој наводно побарал оштета од два милиони динари.
Во кривичната пријава, а како што пренесоа српските медиуми, Врањеш изјавил дека пејачката му се заканувала и јавно го навредувала преку социјални мрежи, а исто така изјавил дека неговата безбедност е загрозена.
„Јавноста е свесна дека во претходниот период нашиот клиент Огњен Врањеш доживеа низа навреди и закани од Јелена Карлеуша, поради што бевме принудени да поднесеме тужба за надомест на нематеријална штета поради повреда на честа и угледот, кривична пријава за кривично дело загрозување на безбедноста, како и приватна кривична пријава за прекршок “, пишуваше во соопштението на неговите адвокати.