Реклама
Наши ѕвезди

Евровизија ја призна грешката, голема неправда и е нанесена на Тамара – според гласовите од жирито требала да биде на првото место

Реклама

Тамара од осмото се искачи на седмото место

ЕБУ одговорија на грешката во гласањето од страна на Белорусија со што Тамара Тодевска станува победник во гласовите од жирито, а според вкупните гласови наместо осмото го освои седмото место.

Маркетинг

Оваа информација ја објавија светските магазини, но и самата Тамара Тодевска која добила известување од ЕБУ.

„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!“, напиша Тамара на својот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг

Со ова ажурирање Тамара сега е нов победник од страна на жирито, а грешката беше направена поради човечки фактор се вели во официјалното соопштение од ЕБУ.

Е сега се поставува прашањето дали публиката ќе гласаше поинаку доколку Тамара првиот круг од гласањето го завршеше на првото место? Според многумина тоа секако би можело да ја однесе уште некое место погоре, но најверојатно не би влијаело на првите четири позиции.

Што мислите вие?

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button