Наши ѕвезди

Велевска ги изненади сите – се пофали со нова фризура, а сите гледаа во нејзиниот стомак

Advertisement

Велевска ги изненади сите со нејзиното стомаче

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Нашата позната фолк пејачка на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои и се гледа пирсингот.

Advertisement

Имено, пејачката преку Инстаграм се пофали со новата фризура, но во центарот на вниманието е нејзиниот стомак украсен со голем пирсинг со бисери.

Елена позира во тесни темносини фармерки и куса црна маица, а обожавателите се воодушевени од нејзиниот изглед.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Инаку, Елена неодамна се најде во центарот на вниманието поради гласините дека наводно се разведува од својот сопруг. Таа подоцна самата во едно интервју ги потврди овие гласини, односно изјави дека имале недоразбирање со сопругот, но поради децата решиле да се смират.

Advertisement

Но неколку недели по ова интервју повторно се појавија гласини дека се разделиле со сопругот, и дека во меѓувреме си нашла ново момче, Македонец бизнисмен кој живее во Америка, и кој е 10 години помлад од неа.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Но и овие гласини Елена сама ги демантираше така што на социјалните мрежи објави коментар: „Се е точно, колку што е точно дека сум трудна по четврти пат…“
.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button