Најмногу сон им е потребно на Биковите, Вагите и Рибите. А ако сте Овен или Девица, совршено ќе функционирате и со шест часа сон. Во продолжение откријте колку ви е доволно да спиете за да функционирате нормално.
Овен
Овенот сака да заврши што е можно повеќе обврски во денот, што значи дека одлично функционира и со шест часа сон.
Бик
Биковите обожаваат спиење и лесно ќе преспијат и до 10 часа во текот на една ноќ.
Близнаци
Близнаците може да живеат и со шест часа сон, но понекогаш им доаѓа тоа време да го продолжат за уште некој час плус.
Рак
Раковите го обожаваат својот топол и удобен кревет и може да спијат осум часа во текот на една ноќ.
Лав
Лавовите најубаво спијат со својот партнер/партнерка, а нивната рутина им се пореметува кога се сами.
Девица
Слично на Овните, Девиците одлично функционираат со многу малку сон, затоа што се перфекционисти, кои сонот го сметаат за нешто што ги спречува да ги завршат своите обврски.
Вага
За целосно да се одморат, на Вагите им треба од седум до осум часа сон.
Скорпија
Скорпиите имаат проблем да потонат во сон, но кога ќе се случи тоа, лесно ја преспиваат целата ноќ.
Стрелец
Сонот е ниско на листата на приоритетите на Стрелците, поради што тие може да функционираат и со пет или шест часа сон, но осум е идеалната црта.
Јарец
На Јарците им е потребен одмор, поради што тежнеат кон осумчасовен сон.
Водолија
Водолиите во просек спијат околу шест часа, но понекогаш го продолжуваат ова време на седум или осум, зависи колку се во можност.
Риби
Рибите се сонувачите во Зодијакот, а со тоа и се најголеми спијачи. Тие ќе отспијат осум часа, без разлика колку обврски и да имаат.