Странските медиуми објавија – „Македонија растури во финалето на Евровизија. Дали веќе ја имаме победничката?“
Вечерва во 21 часот започна финалето на Евровизија
На сцената прва се појави Дана Интернационалe, победничката на Евровизија од 1998 година која ја изведе песната Дива.
Нашата претставничка Тамара Тодевска настапи под реден број 8 и со својот брилијантен настап ги воодушеви сите. Како што објавија медиумите од целиот свет, македонската песна Proud одлично котира кај публиката, а Тамара доби аплауз иако беше на вториот рефрен од песната „Proud“ посветена на нејзината ќерка Хана, но и на сите девојки.
Пораката што ја испраќа до сите жени да бидат посебни според хрватскиот Индекс може да помине добро во Европа, па голема е веројатноста и да победи. Тие се прашуваат дали веќе ја имаме и победничката, алудирајќи на Tамара.
Финалето следете го во живо на Гламур: