Емина Јаховиќ има проблем со своите силиконски усни.
Имено, таа пред 10 години во усните ставила силикони, но нивниот облик и форма почнале да и прават голем проблем.
Како што пишуваат српските медиуми, Емина тогаш ставила неквалитетен материјал кој е лош за организмот и поради кој, наводно, усните сега и’ се распаѓаат. Во времето кога го средувала овој дел од телото се користело силиконско масло, за разлика од денес кога се во мода природни материјали како хијалурон и некои други филери.
Поради ова со тек на годините усните ја менуваат својата форма, а со тоа и целосната мимика на лицето.
Неодамна кога снимала некои фотографии за Инстаграм и откако ги објавила добила милион пораки во Инбокс со конкретни прашање – „Што ти се случува со усните? Изгледаат ужасно…“ Или коментари како „Па ти се распаѓаш, оди на ремонт“, и сл. Тоа потполно ја демотивирало па пејачката ги избришала набргу овие фотографии, а почнала и да бара совети од доктори за да го реши овој проблем, пренесува анонимен извор за српските медиуми.
Според естетските хирурзи корекцијата на ваквите неправилности е многу тешка, па без разлика дали Емина подоцна направила корекција со хијалурон, потполно решение може да направи само по хируршки пат.
Извор: Kurir.rs