Наши ѕвезди

Антониа Гиговска со песна од Тоше Проески го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички“: „Него го нема, но те имаме тебе“

Advertisement

Веднаш ја освои публиката, но и жирито

Фото: TV Pink Printscreen

Антониа Гиговска се појави последна на „Пинк ѕвездички – All Stars“ со песна од Тоше Проески „Полско цвеќе“.

Advertisement

18-годишната скопјанка со својот настап ја воодушеви публиката и жирито, а Гоца Тржан не можеше да ги сокрие емоциите па дури и заплака. За време на нејзиниот настап не можеше да ги сокрие солзите и Кија Коцкар

„Би сакала оваа песна да му ја посветам на нашиот Тоше Проески, бидејќи сум сигурна дека не гледа одозгора. Тој е мојот идол“ – изјави Антониа по нејзиниот генијален настап во шоуто со кој ги воодушеви сите

„Тоше во јануари оваа година требаше да наполни 38 години. Ќе беше во најдобрите години и ќе пееше како змеј, но бидејќи него го нема, те имаме тебе! – кажа Гоца Тржан, која повторно заплака. Инаку, Гоца и Тоше се големи пријатели, а има и заедничка песна, големиот хит „1200 милји“.

Advertisement
Фото: TV Pink Printscreen
Фото: TV Pink Printscreen
Фото: TV Pink Printscreen

Твојот настап е толку емотивен што мене прв пат ми се случи стомакот да ми се наежи. Вака изгледа достоинствен настап. Толку емоции пренесе на нас што се уште сум парализирана. Се беше достоинствено. Ти се победничка оваа вечер, само напред – и кажа Наташа Беквалац на Антониа.

Фото: TV Pink Printscreen

Погледнете го нејзиниот настап:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button