Пријовиќ во најпровокативното издание досега – нема ни грам вишок на стомакот, а се породи пред само два месеци (фото)
Нејзиното тело повторно е во топ форма
Познатата пејачка Александра Пријовиќ Живојиновиќ додека беше бремена се поправи неколку килограми, но поради специјалниот начин на исхрана за кратко време повторно е во беспрекорна форма.
Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои носи провокативно издание составено од асиметрично сако и мрежести чорапи, а поради необичниот горен дел во преден план беше нејзиниот рамен стомак.
„Јадам риба, месо, многу салати, се што е здраво. Додека бев бремена јадев многу благо. Ми недостига и сега, одвреме-навреме знам да се почестам, но сега многу повеќе внимавам на исхраната. На посебна исхрана сум која што ми помогна да ослабам, но и внимавам на исхраната за да имам здраво млеко“, вели новопечената мама Пријовиќ.
Нејзините фотографии на Инстаграм ги воодушевија обожавателите кои ја почестија со лајкови и комплименти на сметка на изгледот во коментарите.