Наши ѕвезди

Тамара ја подели публиката – за едни песната е одлична, за други таа е северџанка и НЕ треба да ја претставува Македонија

Advertisement

Вчера заврши првото полуфинале на 64 Евровизија во Тел Авив

Advertisement

Претставниците кои поминаа во финалето на Евровизија 2019 се Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија, додека Германија, Израел, Италија, Обединетото кралство, Франција и Шпанија ќе настапат директно во финалето.

Нашата претставничка Тамара Тодевска настапува на втората полуфинална вечер со песната „Proud“ со која го сврте вниманието и на светската публика. Имено, еден од најпознатите светски музички магазини Болборд направи листа со песни кои би можеле да го освојат првото место, а меѓу нив се наоѓа и песната на Тамара. Според Билборд, Тамара има големи шанси да го освои првото место како поради песната што носи моќна порака, така и затоа што нашата земја за прв пат ќе настапува со новото име.

Advertisement

„Ова ќе биде прв пат оваа држава од поранешна Југославија да настапи со своето име Северна Македонија. Таа претходно беше позната како Поранешна Југословенска Република Македонија и прв пат учествуваше на Евровизија во 1998 година. Досега најдобар резултат беше 12-то место во 2006 година од страна на „Нинанајна” на Елена Ристеска. Ако Тамара Тодевска се квалификува во финалето со нејзината песна, објавена на 8 март за да го одбележи Меѓународниот ден на жената, тоа ќе биде прво појавување на Северна Македонија во големото финале од 2012 година. Зошто Северна Македонија би можела да победи: Прославата на жените во времето на #MeToo движењето може да го привлече вниманието на многу гласачи како и на претставниците на професионалното жири“. Покрај Македонија, Билборд во оваа листа со земјите кои би можеле да ја однесат победата ги смести и песните на Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Швајцарија, Шведска и Холандија.

Но за нас не е чудно тоа што Тамара се најде на оваа листа. Песната е и повеќе од добра, а Тамара има големо искуство и сигурни сме дека нема да не разочара. Но она што не загрижува се негативните коментари што се шират на социјалните мрежи, а тоа можевме да го видиме и со последниот текст што го напишавме за неа, а со кој ги повикувавме Македонците од дијаспората да гласаат за неа.

Имено, откако го објавивме текстот со наслов „Македонци, НЕ заборавајте да и дадете поддршка на Тамара Тодевска – дијаспоро, гласајте за неа…“, многумина го лајкуваа и споделија текстот и тој ден беше еден од најчитаните на нашиот портал. Но за жал на социјалните мрежи можевме да прочитаме и голем број негативни и навредливи коментари од кои, како што вели една корисничка, произлегува дека самите на себе сме си најголемите душмани.

https://www.instagram.com/p/BvuaB0SAjX3/

 

Овие коментари секако дека нема да ги пренесеме бидејќи претставуваат класичен пример на говор на омраза, но затоа ќе ви препорачаме уште еднаш да ја преслушате нејзината песна, и доколку живеете некаде во странство, да не заборавите да гласате за нашата претставничка.

 

Па, Македонци, бидете горди каде и да сте, не чека победа!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button