Реклама
Холивуд

Војвотката од Кембриџ во овој дамски фустан изгледа неодоливо

Реклама

Убавата војвотка во сино од глава до пети

Кејт Мидлтон изгледаше елегантно и женствено во синиот фустан со бели точки кога се појави во куќата на „разбивачот на шифри“ од Втората светска војна.

Маркетинг

Блечли парк има посебно значење за војвотката бидејќи нејзината баба по татко, Валери Гласбороу, во II Светска војна, заедно со сестрата близначка Мери, работела во познатата Колиба 16, центар за шифри Блечли Парк, каде ги дешифрирале пораките што Германците ги испраќале со помош на сојата машина Енигма, која посебно им создаваше главоболки на Британците.

Маркетинг
Суптилно издание и длабок шлиц

Војвотката од Кембриџ веќе некое време има нова стилистка и тоа се забележува во нејзините неколку последни изданија. Овој пат убавата Кејт изгледаше подготвено за новата пролетна сезона со својот ласкав фустан со средна должина кој што веќе го носеше во една пригода минатата година. Таа целото издание го зачини со сини антилоп салонки со потписот на Еми Лондон, а на лицето „фураше“ децентна шминка, опуштени локни и пар нежни бисерни обетки.

Па, дали ви се допаѓа Кејт во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button