Посинокот на Лепа Брена ја изневерувал Александра додека била бремена – девојката останала во блажена состојба и ќе го роди детето
Малце фалело да се разведе од Филип
Како што пренесуваат српските медиуми, Филип Живојиновиќ ја изневерувал својата сопруга, пејачката Александра Пријовиќ, и тоа наводно додека таа била во поодмината бременост со малиот Александар.
Во прашање е манекенка од Белград во која Филип дури и лудо се заљубил, а Александра решила да премине преку тоа само заради нивното бебе, но и дека неверството никогаш нема да му го заборави. Таа наводно неговата романса со манекенката ја криела од свекрвата Лепа Брена но и од својата мајка, а кога разбрала веднаш му се јавила на сопругот по телефон и му кажала дека никогаш повеќе нема да го види синот ако веднаш не стави крај и не заборави на девојката.
Љубовницата која работи како манекенка во Србија, за Свет ја потврдила приказната, но притоа соопштила и дека е бремена од Филип и дека ќе му роди дете.
https://www.instagram.com/p/Bv9d586nyki/
„Се гледавме преку викенди, сабота напладне и ноќите кога Александра беше надвор од земјата. Кога се посомневав дека сум бремена, веднаш направив тестови и му се јавив на Филип. Тој најпрвин беше шокиран, молчеше пет минути, а потоа изјави дека е најдобро да се видиме и да позборуваме. Тој ми направи дете и јас ќе го родам“, изјави манекенката, а пренесе познатиот српски таблоид „Свет“.