Кирсти Перез е фотографка кој досега сликала многу породувања, но овој случај ја изненади дури и неа.
На сликата е фотографирана жена која имала хипермезија за време на бременоста, синдром кој предизвикува повраќање, гадење, губење на телесната тежина и електролити. Нејзиниот сопруг, се разбира, беше со неа, и тоа не само при породување, туку претходни 4 пати кога жената заврши во болница за горенаведените проблеми. За време на бременоста загубила повеќе од 10 килограми.
Кирсти направила серија одлични фотографии, а подоцна и ги покажала на родителите. Таа му рече на гордиот татко дека го фотографирала кога за првпат го видел својот син, но тој одговорил дека тоа не е причина зошто плачел. Фотографката беше малку збунета, па затоа го праша зошто плаче, а тој и одговори со солзи во очите: „За првпат по 10 месеци, видов насмевка на нејзиното лице.”