Сега барем е јасно дека Клуни нема да биде кум
Џорџ Клуни беше гостин во емисијата на Џими Кимел и откри дека не сака да биде кум на новороденото кралско бебе на војводата и војвотката од Сасекс.
Бидејќи тој и неговата сопруга Амал се многу блиски пријатели со Хари и Меган, и бидејќи малиот Арчи Харисон Маунбатен – Виндзор по игра на случајот се роди на истиот ден како и познатиот актер, во медиумите се појавија шпекулации дека токму тој би можел да му биде кум.
Водителот затоа го праша што мисли за тоа, а Клуни одговори: „Тоа ќе беше лоша идеја. Јас сум татко на близнаци, и со тоа одвај се носам, не би сакал да бидам ничиј кум“.
Но водителот инсистираше актерот да му каже каков ќе биде неговиот одговор ако принцот Хари и Мега тоа го побараат од него. „Јас нема да бидам кум, ти ветувам. Потполно сум сигурен во тоа“, му одговори Клуни како од пушка.