Реклама
MAMAБебиња

Вистинската слика за телото на жената по раѓањето: Мајките повторно не воодушевија со своите неверојатни фотографии

Реклама

На повеќето од овие жени им требаа речиси две години да добијат нова, свежа и прекрасна кожа на нивното ново тело, но тие не го криеја тоа.

За повеќето мајки важи правилото за проемна на телото пред и по пораѓајот. Иако сите можеме да сфатиме дека нашите тела се силен и неверојатен „брод” за создавање и одржување на човечкиот живот, прифаќањето на нашите нови тела не е толку лесно. Поради оваа причина, една мама и нејзините пријатели одлучија да ги фотографираат своите различни поспородилни тела на навистина убав начин.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bw2isAclsLA/?utm_source=ig_embed

Бетани Гарсија, мајка и блогерка од Аризона, ја сподели фотографијата на нејзиниот „Инстаграм”, опишувајќи го моментот како: „Вистинските жени се дебели и слаби … ” Таа исто така ги обележала и нејзините три пријателки на сликата. Сите четири жени беа пријателики една година на интернет, а потоа се сретнаа во реалниот живот на една конференција. Па така се роди идејата за оваа неверојатна слика.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BupgK1_gxzO/?utm_source=ig_embed

Гарсија за „Scarymommy“ изајви дека по четири деца, нејзиното тело претрпело многу промени во текот на изминатите 6 години. „Пет бремености, еден абортус, предвремено породување, менингитис, хирургија на жолчното кесе, четири вагинални раѓања “, објаснува таа.

„Да научам да го прифатам телото беше огромен процес за мене, и сè уште сум на пат да го трансформирам “.

https://www.instagram.com/p/BqPZx8jgtE4/?utm_source=ig_embed

Таа вели дека нејзиното искуство со блогерките им помогнало да се создадат заедница која ги поддржува жените и мајките. „Толку многу жени со голема желба за реални тела и вистински живот, не за фотошоп бајки – тоа е она што ме инспирираше да почнам да ги споделувам овие фотографии “.

https://www.instagram.com/p/Bw5HalZAIJQ/?utm_source=ig_embed

Друга жена на сликата, Мег Богс, создаде хаштаг #This_Is_Postpartum за да покаже како животот по бременоста за секоја жена изгледа различно. Богс побара од Гарсија и двете други мајки, Дезире Фортин и Кети Креншо, да соработуваат со неа за овој проект. „Откако го родив четвртото дете, сфатив дека женското тело е неверојатно”, вели Гарсија „Scarymommy“ „Затоа решивме да им помогнеме на сите мајки да бидат благодарни и среќни”.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button