Каролина повторно не воодушеви со својот моден избор
Каролина на Инстаграм објави неколку модни фотографии на кои позира во еден од трендовите што е хит веќе неколку сезони. Во прашање се карираните дезени, а пејачката носеше бел женски костум со впечатливи црни линии кој е совршен избор за овој период од годината.
Таа елегантниот костум со предимензинорано сако со двојно закопчување дополнително го истакна со ремен во кафеава нијанса, а целото издание го заокружи со плетен шешир со црна, свилена лента која се врзува во голема панделка околу вратот и „рибарска“ торба.
Елегантна, модерна и моќна комбинација со која нашата убава пејачка изгледаше како вистинска манекенка од светските модни едиторијали.
https://www.instagram.com/p/BxSak2eBOPi/
Браво.