Реклама
Наши ѕвезди

Еве што вели Елена Велевска за гласините дека си фатила момче кое е 10 години помладо од неа и дека сопругот повторно ја оставил

Реклама

Откако се појавија гласините дека Елена Велевска повторно се разделила од својот сопруг Марјан, но и дека е во врска со 10 години помлад бизнисмен, македонски гастарбајтер во Америка, се огласи и пејачката.

Имено, фолкерката пред неколку месеци објави дека се разведува од сопругот и таткото на нејзините три деца, Марјан. Но по некое време пејачката за медиумите изјави дека решиле да се смират и да му дадат уше една шанса на бракот и тоа најмногу заради нивните деца. Но по овие информации деновиве во медиумите можевме да прочитаме дека на нивната љубов повторно не цветаат рози и дека сопругот ја напуштил и ја оставил сама со трите деца, а таа наводно, во Америка си фатила момче кое е 10 години помладо од неа.

Маркетинг

Според извор на естрадниот магазин Ексклузив, Елена на својата двомесечна турнеја во Америка се запознала со богат Македонец, сопственик на неколку фабрики кој по еден од нејзините концерти и испратил 100 ружи.

Според изворот, а како што пренесе Ексклузив, помеѓу Елена и младичот се родил љубов на прв поглед. Тие почнале интензивно да се забавуваат, и покрај тоа што Елена е мажена и има три деца, а тој е помлад од неа 10 години.

Маркетинг

Пејачката откако се појавија гласините реши да им стави точка на шпекулациите и преку социјалните мрежи ги демантираше истите. Имено, таа напиша „Се е точно, колку што е точно дека сум трудна по четврти пат…“

Инаку, Елена која во последно време има неколку успешни концерти надвор од Македонија на кои се бара карта плус, неодамна беше критикувана од страна на дел од македонската дијаспора во Австралија. Имено, нејзината турнеја во оваа земја беше бојкотирана од страна на нашинците откако во бугарските медиуми изјави, наводно, дека „Јовано Јованке“ и „Кажи, кажи облаче ле бело“ се бугарски.

Немилиот настан се случи пред две години, а пејачката и покрај тоа што за медиумите изјави дека нејзината изјава беше изведена од контекст и дека воопшто не го кажала тоа, повикот за бојкот и се случи и годинава, кога повторно требаше да одржи неколку концерти во Австралија.

Велевска за медиумите изјави дека знае кој е одговорен за ваквите манипулации и за тоа обвини еден австралиски менаџер со кого не сакала да соработува на нејзините последни две турнеи во оваа земја.

„Не се цениме! Дури кога ќе сме во гроб како Тоше, дури тогаш им чиниш. Јас ја пеев „Македонско девојче“ на среде Софија, никој тоа не го кажува. Пеам на сите јазици, тоа не ме менува, јас сум Македонка“, изјави тогаш Елена и додаде дека и покрај тоа што некој сакал да и наштети, таа и на двете турнеи поминала одлично и била прифатена од публиката.

„Нека го споделуваат тоа видео колку што сакаат, и сега и по десет години. Нека ми прават реклама“, изјави тогаш револтирано познатата пејачка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button