MAMAКафе муабет

„Не го задржувај оној кој си оди, не го бркај оној кој доаѓа“ – јапонски народни мудрости

Advertisement

Запознајте ја културата на оваа фасцинантна и мудра нација – прочитајте ги овие древни јапонски поговорки.

Подобро е да се биде непријател на добриот човек, отколку пријател на лошиот.

Advertisement

Да немаше обични луѓе, не би имало големи.

Мажот и жената треба да се како раце и очи: кога рацете болат – очите плачат; а кога очите плачат – рацете бришат.

Сонцето не познава праведни. Сонцето не познава неправедни. Сонцето сјае без цел и дава топлина на сите. Оној кој се пронашол себеси е сличен на Сонцето.

Advertisement

Тагата, како скинатиот фустан, треба да се остави дома.

Морето е големо бидејќи не ги избегнува ниту малите реки.

И далечниот пат започнува од патот во близина.

Кој пие, не знае за штетноста на виното; кој не пие, не знае за неговата корист.

Убавите цветови не донесуваат добар плод.

Еден убав збор може да грее три зимски месеци.

Направи се’ што можеш, а останатото препушти го на судбината.

Претераната искреност се граничи со глупавост.

Среќата доаѓа, во куќата полна со смеа.

Совршената вазна никогаш не излегла од рацете на лошиот мајстор.

Длабоките реки течат бесшумно.

Ако сте се упатиле на пат по сопствена желба, тогаш и илјада километри изгледаат како еден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button