Ова прашање сигурно го поставува секој сопственик на кабриолет. Но, малкумина го знаат одговорот.
За да се разбере овој проблем, доволно е да се знаат основите на механиката на течности, односно во овој случај аеродинамиката. Drivetribe го објасни ова на наједноставен начин во кратко видео објаснувајќи ги основните принципи на динамиката на течностите.
Пред сè, потребно е да се знае дека постојат два типа на проток, ламинарен и турбулентен. И додека воздухот во ламинарниот слој е бавен и со низок притисок, тој брзо се движи во турбулентна состојба и притисокот е висок. Воздушниот слој во контакт со површината на автомобилот е граничен слој, а точката на сепарација е највисокиот раб на шофершајбната. Во овој момент, дел од протокот станува турбулентен.
За автомобили како што се Мазда (MX5) или БМВ (Z4), доволно е да се вози со брзина од 45 км / ч и 72 км / ч за да останат суви. Во аеродинамичните форми каква што има Ферари потребно е да се вози побрзо. Затоа некои Мерцедес имаат воздушни дефлектори кои влијаат на протокот на воздух.