Евросонг оваа година ќе се одржи од 14 до 18 мај во Тел Авив
За победа на евровизиската сцена ќе се борат 41 земја, а најголеми фаворити според обложувалниците се Холандија, Русија, Швајцарија, Италија и Шведска.
Нашата земја ќе ја претставува Тамара Тодевска со преубавата песната „Proud“. Таа за своето место во финалето ќе се бори на 16 мај, а според обложувалниците нашата претставничка по првата проба најправи скок од три места.
33-годишната пејачка на првата проба се појави во смарагдно зелен фустан од дизајнерот Александар Ношпал.
За сценскиот настап ќе се погрижат Tine и Maryн од Шведска. Пратечки вокали се Александра Јанева, Васил Гарванлиев и младата пејачка Антонија Гиговска.
Првата полуфинална вечер е на 14-ти мај, втората на 16-ти, а финалето ќе се одржи на 18-ти мај.