Неговиот Инстаграм го следат речиси еден милион луѓе.
Симон Хупер, кој на социјалните мрежи е познат како „Таткото на ќерките”, стана интернет сензација речиси преку ноќ. Имено, на неговиот профил на Инстаграм одлучи да покаже како изгледа вистинското родителство, а неговата брутална искреност многу луѓе израдува и насмеа.
https://www.instagram.com/p/BvfFAo4DxWV/?utm_source=ig_embed
Инаку, Симон е татко на четири девојки кои со својата имагинација постојано ги насмевнуваат нивните пријатели.
„Сакам да им дадам на луѓето реална слика за родителството, од перспектива на родителите. Има околу нас многу убавини, па сакав да ја покажам вистинската слика, но со малку хумор”, рече овој татко во разговорот за „HuffPost“.
https://www.instagram.com/p/BuR3eGtDCy1/?utm_source=ig_embed
Неодамна се пожали дека неговите близнаци го поканиле на „ексклузивна чајна забава”, а потоа нагло му ја откажале за да ја одиграат сцената од филмот Кинг Конг.
Но, како што вели, тоа не го спречило да ја ужива улогата на баба Луси која ужива во чајот.
https://www.instagram.com/p/BuZiHB0jFAp/
Тој признава дека кога ги подготвува девојките за спиење си помислува зошто не направил вазектомија во 2015 …
https://www.instagram.com/p/BttyIfDDoVC/
Додека ужива во заедничките празници, признава дека секогаш е најсреќен и најзадоволен од моментот кога сите им се враќаат на своите обврски …