Поранешната прва дама на Македонија го прекрши протоколот – папата го пречека со голи нозе, во кусо здолниште (фото)
Папата Франциск при неговата прва, историска посета во нашата земја најпрво се упати во претседателската резиденција на Водно каде беше пречекан од целиот државен врв.
Папата Франциск на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, беше пречекан од Претседателот Ѓорге Иванов.
Во вилата присуствуваше целиот државен врв, а меѓу нив и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски. Обраќањето на папата го слушаа и лидерите на политичките партии, а пред неговото обраќање пред присутните се обрати и претседателот во заминување Ѓорге Иванов. Но покрај нивните говори (види тука), некои медиумите беа изненадени и од „необичното“ модното издание со кое што поранешната прва дама на Македонија, Маја Иванова, го пречека папата.
Имено, таа седеше веднаш спроти него, на речиси само еден метар оддалеченост, а според протоколот, кој може да се прочита и на официјалната страна на Ватикан, кодексот за облекување за жени при посетата на папата вели дека е прифатливо да носат црна облека, фустани со едноставен крој со покриени раменици и со должина под колената.
Кратките здолништа не се прифатливи, велат правилата според овој кодекс на облекување.