Ќе се изненадите од одговорот на папата на едно момче што го праша дали неговиот татко е во рајот
Папата при една негова посета во една римска периферија одговараше на прашањата на децата
Тие го прашуваа за верата и животот, а во еден момент едно од нив почнало да плаче. Папата Франциск откако ги забележал солзите на очите на момчето, побарал од него да му шепне, а потоа откако го слушна неговото прашање, побарал од момчето да им го каже и на другите што му кажало тоа. Имено, младото момче плачело затоа што неговиот татко прерано го напуштил овој свет, а папата им кажал на другите дека тој плаче за него и дека имал храброст да си го отвори срцето и да плаче пред другите, бидејќи во него имало љубов.
„Неговиот татко бил атеист, но сепак решил да ги крсти четирите деца, бил добар човек. Убаво е што син на татко вели дека е ‘добар’. Ако тој човек може добро да ги подигне своите деца, тогаш тој бил добар човек. Бог е горд на твојот татко – му одговорил папата Франциск на момчето.
Бог е тој што одлучува кој оди на небото. Но, како реагира Божјето срце на таквиот татко? Со срцето на татко. Бог има срце на татко. Дали мислите дали Бог би го оставил таквиот татко далеку од себе? Одговорете ми гласно и храбро!
Тогаш сите собрани кажаа: „Не!“
„Дали Бог ги напушта своите деца?“, праша папата Франциск и повторно сите едногласно одговорија: „Не!“ „А дали Бог ги напушта своите деца кога се добри?“, ги праша повторно папата. Тие одговорија: „Не!“
„Ете, ова е одговорот дете мое. Бог сигурно беше горд на твојот татко бидејќи полесно е да се крстат децата на верниците, отколку на неверниците. Сигурен сум дека тоа многу го израдува Господ. Разговарај со својот татко, моли се за него“, му кажа папата на момчето.