На скандалите им нема крај – Карлеуша потполно скршена поради аферата на Душко со старлетата. И купил дијамантска нараквица и сакал да се ожени со неа?
И купил дијамантска нараквица и ја нарекувал принцеза
Како што пренесуваат српските медиуми фудбалерот Душко Тошиќ тајно се гледал со познатата старлета Сораја Сара Вучелиќ. Тој толку бил маѓепсан од неа што и купил нараквица „картије“ со дијаманти од 60 илјади евра.
Старлетата го посетувала фудбалерот во Истанбул, а Душко и кажувал дека ако треба и ќе се разведе од Јелена и дека ќе се омажи со неа. Според српскиот Курир, тој бил воодушевен од нејзиниот физички изглед, а кога дошла да го посети во Истанбул ја носел по најскапите ресторани.
Но ова не бил единствениот пат кога Сораја го посетила сопругот на Карлеуша во Истанбул. При нејзината следна посета, Тошиќ и подарил скапоцена нараквица опточена со дијаманти во вредност од 60 илјади евра.
Токму скапоцената нараквицата ја откри аферата на контроверзната старлета со фудбалерот кој според медиумите откачил потполно по неа и ја нарекувал принцеза.