Кога неговите двајца седумгодишни синови се пожалија дека виделе чудно лице со комбе паркирано пред училиштето кое гледало во нив, таткото како и секој, добар и загрижен татко решил да повика полиција.
Но, по повикот работите тргнаа во неочекувана насока. Шокираниот татко го сподели своето искуство со „Reddit“. Се испостави дека „перверзниот” што сакаше да го пријави во полицијата беше самиот тој.
“Поправав некои електрични инсталации недалеку од училиштето на моите синови, за време на паузата се паркирав со комбето во школскиот двор за да јадам и да го искористам нивниот интернет. Почнав да им мавтам на своите синови кога ги забележав дека преминуваат од едната зграда до другата. На себе имав наочари и кацига која ја користам на работа (со која што тие никогаш не ме виделе). Децата не сфатија дека тоа сум јас и потоа ми се пожалија дека некој чуден човек им мавтал и го пријавив во полиција “, пишува таткото.
Дека сум сомнителен сфатив кога три полициски автомобили ми го опколија комбето. „По триесет минути разговор со полицијата и директорот, сфатија дека сум безопасна будала, па одлучија да ме пуштат. Меѓутоа, ми беше кажано повеќе да не паркирам таму додека јадам”, напиша тој.