Без разлика дали сте во 20-тите или 30-тите години од животот, сигурно повеќето си велите дека има време за ова или она. И додека се освестите, времето поминало, а вие не сте направиле којзнае што.
Ви издвоивме неколку работи за кои ќе жалите кога ќе остарете:
Затоа што не сте патувале кога сте имале прилика.
Сте останале во лоша врска.
Затоа што сте биле премногу исплашени да преземете ризик и да направите нешто.
Затоа што не сте дале отказ на работно место што го мразите.
Никогаш не сте биле свесни за сопствената убавина.
Сте се плашеле да кажете „те сакам“.
Не сте ги слушале родителите.
Премногу сте се грижеле за тоа што мислат другите.
Не сте си играле со своите деца.
Никогаш не сте преземале некој поголем ризик (особено во љубовта).
Никогаш не сте нашле доволно време за да остварите дополнителни контакти.
Премногу сте се грижеле за сè и сешто.
Не сте поминувале доволно време со саканите.
Не сте биле благодарни за она што го имате.