Познатата адвокатка за човекови права и сопруга на еден од некогашните најпознати холивудски ергени Џорџ Клуни, Амал, секогаш нѐ восхитува со нејзините модни комбинации. Главните карактеристики на нејзиниот стил се женственост и елеганција, така што најчесто можеме да ја видиме во класични и безвременски парчиња кои им пркосат на трендовите.
Токму такво издание носеше и за состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк.
За оваа пригода, Амал избра пристоен црн фустан со копчиња со должина до колена кој го комбинираше со голема кожна чанта и кожни салони.
Госпоѓа Клуни во ова елегантно издание уште еднаш ни покажа дека црните фустани се безвремени, посебно моделот што го носи. Имено, речиси идентичен фустан пред повеќе од 40 години, односно во 1976 година, носеше и Џеки Кенеди на спроводот на својот шура, принцот Станислав Радзивил.