Јапонското бебе кое беше родено со само 258 грама ја напушти болницата по шест и пол месеци интензивна нега и инкубатори, објавија од администрацијата на болницата.
Бебето е родено со царски рез во 22 недела од бременоста поради тешкотии поврзани со мајчината хипертензија.
До денес, рекордот во Јапонија го држеше момче кое тежеше 268 грама и беше отпуштено од болницата во февруари.
Овој нов “рекордер” се вика Рижусуке Секи и сега тежи повеќе од три килограми „Пие млеко и сега може да се капеме, среќни сме што го гледаме како расте”, рече мајката.
Расте процентот на преживеани новороденчиња кои се родени помали од 300 грама, но се уште е ниско, особено кога станува збор за момчињата.
Во секој случај, таквите деца мора да бидат под специјален медицински надзор во текот на првите години од нивниот живот.
Претходни случаи кои преживеале икао биле родени со мала тежеина и без здравствени проблеми се момче родено во Германија во 2009 година, со 274 грама и во Јапонија во 2009 година за момче со 297 грама.
Следно е момчето од 2011 година со 294 грама и 2015 од 289 грама, според Меѓународниот регистар на Универзитетот во Ајова, САД.
Сепак, девојките го држат рекордот: „плачката” родена во 2015 година во Германија беше тешка 252 грама.