Кучињата се дел од семејството и тоа сите добро го знаеме. А кога семејството ќе добие принова, тогаш кучињата ја покажуваат својата најубава страна. Тие стануваат по лојални и покажуваат дека се најдобри пријатели и дадилки.
Понекогаш се и вистински патрони, чувајќи ги своите мали сопственици од опасност, од другите луѓе и животни. Понекогаш пак тие се најдобри партнери за правење глупости и доведување на родителите до лудило.
Но, тие се најдобрите партнери во детските игри. Децата сакаат да си играат со кучиња, а кучињата најмногу маваат со своите опавчиња кога се во прашање игрите со најмалите членови во семејството. Овој германски овчар е вистински доказ за тоа. Тој и неговиот мал сопственик ја играа играта на криење и мора да признаеме дека тој е одличен во тоа.
Погледнете, видеото ќе ви го разубави денот.