Хранењето од шишето е одлуката што секоја мајка ја носи поединечно и тоа треба да биде така.
Но, ако сте одлучиле да го храните вашето дете со млеко од сопствено производство, треба да знаете дека имате некои ГОЛЕМИ предности за таквата ваша одлука.
Доењето е добро за здравјето на бебињата
„Бебињата кои цицаат имаат помала веројатност да страдаат од разни чести настинки, синусни и ушни инфекции и имаат помалку проблеми со дијареа и затво. Тие имаат и помала веројатност да развијат алергии”, вели д-р. Џим Сеарс , ко-автор на книгата за новопечени мајки „The Baby Book“.
Мајчиното млеко е здраво за самата мајка
„Доењето помага при спречување на рак на дојка и јајниците. Освен тоа, доењето ги ослободува „мајчинските“ хормони како пролактини, кои, покрај тоа што овозможуваат производство на млеко, имаат смирувачки ефект.“
„Ја опушта мајката, помага да спие побрзо по ноќното хранење и може да помогне во борбата против потенцијалната постпородилна депресија “, вели Сеарс.
Доењето ќе ве заштеди пари
„Ако ги пресметате трошоците за купување на вештачкото млеко и шишиња, ќе видите дека доењето е добар избор”, рече д-р. Сеарс.
Помага во губење на тежината
„Секоја мајка ја губи својата тежина кога е бремена, но одлична е веста дека вашето тело троши повеќе калории ако произведува млеко за бебето. Но, важно е мудро да ја одбереш храната за да ги задоволиш своите потреби и на твоето бебе”.
Повеќе месеци без менструација
Ако доите, можно е вашиот период да се врати само шест до девет месеци по раѓањето. Откако циклусот ќе се воспостави, можеби нема да биде редовен”
Побрзо закрепнување по породувањето
“Хормонот окситоцин го стимулира лачењето на млекото, а исто така ја стимулира контракцијата на матката, што им овозможува на матката да се врати во нејзината големина порано отколку пред бременоста. Контракцијата го намалува крварењето по породувањето “, вели д-р. Сеарс.