Реклама
MAMAБебиња

Треба ли бебето да го будиме за јадење и може ли тоа да спие премногу?

Реклама

Новороденчето спие околу 16 часа на ден, но некои бебиња може да спијат од 18 до 20 часа, па дури и повеќе. Меѓутоа, ако сметате дека бебето е постојано поспано, природно е да се запрашате дали спие премногу.

„Понекогаш во првиот месец од животот, бебињата можат да бидат премногу поспани”, објаснува педијатарот С. Даниел Ганџан. Проблемот не е колку бебето има затворени очи, туку количината на храна што му треба на бебето.

Маркетинг

Многу е важно да бидете сигурни дека бебето јаде доволно, без разлика колку спие. За бебето кое се храни од мајчиното млеко значи дека јаде од 8 до 12 пати на ден, а оние на адаптирано млеко од 5 до 8 пати на ден .

Дали бебето треба да се разбуди за да јаде?

Ако бебето е постаро од една недела и повторно ја достигна родилната тежина со здраво темпо, во ред е да спие”, објаснува Диана Вест, консултант за доење во „La Leche League International“. Всушност, според Американската асоцијација на педијатрии, повеќето здрави бебиња не треба да ги будите за хранење.

Маркетинг

„Ако новороденчрто спие во првата или втората недела повеќе од три часа и ако вашиот педијатар не е задоволен со ритамот и тежината што бебето ја  добива, може да се препорача да го разбудите бебето за хранење. Ова особено важи за бебињата родени предвреме или имаат кардиолошки проблеми” , објасни Питер Гринспен, шеф на Бостонската општа болница за педијатрија за „The Bump“ .

Вашиот педијатар ќе ја мери тежината на детето секој пат кога ќе го посетите за да го видите напредокот на детето. „Ако видиме дека детето добива доволно калории, тоа значи дека тој јаде доволно и дека не мора да се грижите за хранење. Но, потребни се неколку недели по раѓањето па докторот да има доволно податоци за растот и хранењето на препораките. Новороденчето јаде на секои два, три часа “, објаснува Ганџиан.

Совети за нежно будење поради хранење:

Откријте го го бебето – Понекогаш само малку е потребно бебето да се разбуди. Извадете го ќебето, а потоа бебето може да почувствува дека му студи и да ги отвори очите.

Промена на пелена на бебето – малку освежување може да му помогне на бебето да се расони.

Ставете го бебето на поцврста подлога – ставете го бебето на место каде што може да биде малку „нелагодно” што може да предизвика будење.

Дување во лицето на бебето – се разбира, бебето тогаш може да има чуден израз на лицето, но овој потег може да и помогне да се разбуди, објасни Ганџан.

Коцка мраз – ако ништо друго не успее и навистина си очаен, коцката мраз на детското стапало може да помогне при будењето, додаде уште еден совет О’Конор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button