Меган и принцот Хари се откажаа од пораѓање во болницата Сент Мери, каде што се породи Кејт Мидлтон. Војвотката не сака штом ќе се породи да биде опкружена со фотографи, па реши да се породи во нивниот дом.
Меган Маркл (37), наскоро треба да го роди нејзиното и на принцот Хари (34) прво дете. Таа најверојатно ќе се породи во новиот дом на Беркшир на нивниот имот со помош на бабица, пренесува британскиот „Daily Mail“. Тоа не е ништо невообичаено за кралското семејство, а така своевремено се породила и кралицата Елизабета II. Сепак, болниците не е целосно исклучена како опција.
Меган има 35 години и поради годините се смета дека има зголемен ризик од предвремено породување или потреба за царски рез. Меѓутоа, еден нејзин пријател вели дека таа секојдневно тренира јога и дека досега немала потешкотии со бременоста. Таа е здрава и во добра физичка состојба, па постои можност лесно да се породи дома.
Ако се породи дома, Меган ќе се породи без ублажувач за болка, а принцот Хари цело време ќе биде покрај неа. Парот брзо ја отпиша можноста за породување болницата Сент Мери, каде што се породи Кејт Мидлтон (37).
„Кога станува збор за пораѓање секоја жена треба да одлучи што е најдобро за неа и за нејзиното бебе. Целиот тим на кралицата Елизабета II (92) ќе и биде на располагање“, изјави пријателот на кралското семејство.