Наследничката на Моника Белучи, нејзината ќерка Дева Касел, е новата ѕвезда на познатиот моден бенд Долче и Габана.
Наследничката на најубавата жена на светот има само 14 години. Официјалните фотографии од снимањето на рекламниот спот за „Долче и Габана” сè уште не се појавија, но италијанските медиуми објавија видео-снимка што укажува на тоа дека Дева неверојатно многу потсетува на својата мајка. Дева и нејзината сестра Леони (9) пораснаа со Моника и таткото Венсан Касел во Париз. Медиумите постојано се интересираат за нив, иако се уште се малолетни, а бидејќи Моника и Венсан повеќе не се заедно, девојчињата го минуваат најголемиот дел од своето време со својата мајка.
Дева е заштитно лице на новиот парфем на Долче и Габана, а рекламата се снимаше во Равело, Италија. Со 14 годишната девојка, на снимањето беше и нејзината мајка, Моника, која го следеше целиот настан.
https://www.instagram.com/p/Bv62jFrF4cL/?utm_source=ig_embed
„Ако еден ден моите ќерки одлучат да тргнат по истиот професионален пат како и јас, би ги подржала во тоа. Се надевам дека ќе имаат страст, тие можат да отворат и убава пекарница во која ќе се продава добар и свеж леб. Важно е само да работат нешто што ги исполнува , и наутро да се будите со задоволство кога ќе помислите на тоа“, изјави Моника Белучи во едно интервју за странските медиуми.
https://www.instagram.com/p/Bv4z5UrlB0C/?utm_source=ig_embed
Инаку, таткото на Дева повторно се ожени, а неговата сопруга е младата Тина Танаки со која очекува трето дете, а се зборува дека ќе има син.
https://www.instagram.com/p/Bv4jormlbve/?utm_source=ig_embed