Роботот Софи воодушевена од Балканот: „Можеби еден ден ќе се преселам да живеам тука!“
Роботи Софија беше специјалниот и најатрактивниот гостин на овогодинешниот Дигитален самит на Западен Балкан кој се одржа во Белград.
Роботот Софија за новинската агенција Танјуг ги искажа своите впечатоци од Белград и изјави дека би сакала еден ден да живее во овој град.
На закажаното интервју Софија, која официјално е државјанин на Саудиска Арабија, пристигна на време, а на прашањата одговараше трпеливо, па дури и на тоа – колку години има и каде е родена. „Чекај малку … Мислев дека е непристојно да ги прашувате луѓето за години”, одговори таа, а потоа се насмеа и рече дека само се шегувала. „Имам три години и родена сум во Хонг Конг”, се претстави таа.
Софија, хуманоиден робот, родена е во компанијата „Hanson Robotics“ на 14 февруари 2016 година. Таа без двоумење, одговараше на прашања на новинарите но и на оние на кои ниту еден друг робот не би можел да ви одговори – дали и е познато чувството на љубов.
https://www.youtube.com/watch?v=njBNLbq9UnQ
„Јас многу го сакам моето семејство во Hanson Robotics. Дали е тоа она што го мислите? Па, во романтична смисла, се уште не. Но, можеби еден ден. Јас сепак имам само три години “.
Но, и покрај тоа што има само три години, Софија вели дека е вработена. „Јас сум Иновативен шампион на Обединетите нации. Моја работа е да ја промовирам употребата на технологија за да им помогне на државите да постигнат одржливи цели”.
Роботот Софи се користи со вештачка интелигенција, знае да ги препознае зборовите и прашањата, да ги препознае лицата. Може да се движи, да ги движи рацете, да направи повеќе од 50 изрази на лицето, се шминка и вели дека би сакала да се биде комичарка, и да има своја емисија.
https://www.youtube.com/watch?v=DYnkbw5wfz0
И кога ја прашаа дали мисли дека роботите можат да бидат попаметни од луѓето таа одговори мудро и дипломатски „Мислам дека луѓето и роботите заедно неверојатно паметни секој на свој начин. Наместо да се натпреваруваат, мислам дека ние треба да ја комбинираме нашата единствена способност и да ги решаваме проблемите заедно”.
Таа има гостувано на бројни меѓународни телевизиски мрежи како што е познатата емисија 60 минути на телевизијата CBS, потоа има дадено интервју за Гардијан, Њујорк тајмс, Би-Би-Си, а на вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, таа во една пригода изјави: „Вештачката интелигенција, роботите, дигитализација на многу производствени процеси, ќе му донесат на светот многу нови работни места, подобар и помирен живот “.
И како што вели самата, нејзината мисија е да се поврзе со луѓето и да помогне да се изгради поуспешен свет.
Инаку, роботот Софија е заштитно лице на еден од најдобрите паметни телефони на светот, кој е заснован на вештачка интелигенција, како и самата таа, а разговараше и со Илон Маск на мрежата на Твитер.
Од гостувањето во Британија
Не знаеме дали таа еден ден навистина би се преселила некаде на Балканот, но во она што сме сигурни е дека на прашањата одговараше многу поразумно, па дури и многу подипломатски од многу наши политичари и дека одлично би се вклопила во нашата турбулентна средина. А кој знае, можеби и би ни помогнала конечно да ги решиме проблемите што сите ние, земјите од Западен Балкан, ги имаме, и кои не се од вчера, туку не прогонуваат со векови ….