Реклама
Бебиња

Ново научно откритие што го изненади светот – близнаци кои НЕ се ниту идентични, ниту двојајчани, туку нешто сосема друго!

Реклама

Медицината напредува, а со неа и човечкиот организам и генетиката

Научниците направија истражување со кое открија дека родените близнаци не се ни идентични, а ни двојајчани, туку нешто измеѓу. Ова ново откритие ги изненади сите.

Маркетинг

Момче и девојка, кои сега имаат четири години, се вториот случај кој е досега забележан, а првиот што бил забележан уште додека мајката била бремена.

Оваа ситуација беше целосно изненадување за истражувачите

По шест недели бременост, ултразвукот покажа дека близнаците ја делат плацентата, но сфатиле дека има и некои недоследности.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

„Кога мајката после тоа повторно дошла да направи ултразвук, откривме дека еден од близнаците е од машки, а другиот од женски пол. Тоа автоматски значи дека тие не се идентични близнаци – објасни д-р Михаел Габет од Универзитетот Квинсленд во Австралија и додаде дека веќе тогаш почнале да ја истражуваат нивната генетика.

Близнаците, освен во овој случај, треба да бидат или идентични (од ист пол во иста плацентата) или двојајчани (со ист или различен пол во две плаценти). Во случај на идентични близнаци, една јајце клетка е оплодена од сперма, а потоа настанува делбата на мајчината ДНК која се врзува со онаа на таткото. Во случај на двојајчани близнаци, тогаш станува збор за репродукција на две јајце клетки со сперматозоиди, па индивидуално се вкрстуваат ДНК-то од мајката и таткото. Во друга варијанта, близнаците се раѓаат од истата бременост, но генетски тие не се ништо повеќе од брат или сестра.

Студијата, објавена во списанието „New England Journal of Medicine” докажа дека во текот на тестирањето што е направено преку две амниоцентези дека овие еднојајчани близнаци се посродни отколку обичните браќа и сестри, но дека нивната генетска структура не одговара на идентични близнаци.

„Ова е серија на невообичаени настани. Имено, дојде до поделба на ДНК на мајката, но плацентата беше формирана благодарение само на еден пар на хромозоми. Близнаците собраа повеќе од 50 проценти од заедничките врски, но воедно се и многу различни, што во овој случај се утврдува и преку нивниот пол“ – вели д-р Габет и додава дека феноменот различни сперматозоиди да оплодат една иста клетка се доста ретки и науката се уште го нема објаснето истиот.

Фото: YouTube/ GabeandJess

„Кај овие родители се случи два различни сперматозоиди да оплодат една јајце клетка и една врска е воспоставена со дел од ДНК-то што го носеше едниот сперматозоид, а другата верска со ДНК-то на другиот сперматозоид. Звучи комплицирано и тоа е малку веројатно, но еве се случува“ објаснува др. Габет и додава дека се уште е во тек детално испитување на генетскиот материјал на девојчето и момчет0.

Останува да се открие како се воспоставиле овие генетски врски и дали постои некој модел по кој се случува оваа ретка појава.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button