Една од омилените слатки за Велигден секако се и чоколадни јајца. Но, експертите предупредуваат дека пред да ги купите, проверете ги декларациите за тоа колку шеќер тие содржат и да бидете внимателни кога им ги давате на најмалите.
Големите чоколадни јајца на некои брендови може да содржат повеќе од 250 грама шеќер, што е навистина многу ако знаеме дека една лажичка шеќер е четири грама.
На пример, на жените не им се препорачуваат повеќе од 25 грама шеќер дневно, или шест кафени лажички, според Светската здравствена организација.
Децата, на возраст од четири до шест години, им се советува да не јадат повеќе од 19 грама шеќер дневно.
На некои чоколадни јајца внатрешноста додатно им е исполнета со чоколадо и ги прави вистинска шеќерна бомба. „Погледнете ги декларациите и проучете колку шеќер има во 100 грама од производот. Ако има повеќе од 15 грама, тоа навистина е премногу“, советуваше нутриционистката Полин Дан од Дијабетес Ирска.
„Уживајте во нив, но не претерувајте”, вели таа.