Третманот на оваа тешка болест е комплексен процес, но научниците дошле до заклучок дека овој плод помага во лекувањето
Јагодите се одлични за превенција на тумор на дојка, но исто така и за лекување на оваа малигна болест, велат истражувачите.
Откриено е дека јагодите содржат екстракт наречен „алба” – што влијае на способноста за преживување на различни клетки.
Тие се богати со витамин Ц, антиоксиданти, фолна киселина, многу антиоксиданти и хербални супстанции за кои во истражувањата се покажало дека се ефикасни во спречувањето на ракот.
Ако ги споредиме со нормалните клетки и клетките на ракот, земени од луѓето и глувците, научниците откриле дека „алба” не само што најсилно делува против клетките на ракот на дојката, туку и ги напаѓа.
Сепак, во истражувањето не е откриено колку е точно влијанието на јагодите врз ракот, а не објаснува и која количина треба да се јаде за ефектот да биде комплетен. Покрај тоа, добро е познато и дека консумирањето на јагоди во поголеми количини може да биде превенција за дијабетес, срцеви заболувања, инфекции или заболување на кожата.