Пејачката Лепа Брена деновиве ја посети Хрватска, а убавото време го искористи да се прошета низ загрепските улици и да ужива во пролетната магија.
Но она што сите го забележаа, е необичното издание со кое пејачката се појави во хрватската престолнина.
Имено, 58 годишната кралица на народната музика за оваа пригода носеше црни панталони и црно сако украсено со интересни детали, додека целото издание го зачини со елегантна чанта и спортски патики.
https://www.instagram.com/p/Bvo8hVwljg_/
Како и многу пати досега, Брена потврди дека жените и во 50-тите години од животот можат да изгледаат тренди, иако имаше и такви меѓу обожавателите на кои НЕ им се допадна нејзиниот „необичен“ изглед.
„Убава си, но најубава си ми во природно издание“, пишува во еден од коментарите под нејзината фотографија.