Никогаш не дружете се со поранешната девојка на вашиот сопруг – Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се најдоа во непријатна ситуација …
На принцот Вилијам не му се веруваше што зборува неговата поранешна девојка, и тоа пред Кејт Мидлтон
Постои едно непишано правило, а тоа е дека со поранешната девојка на својот сопруг никогаш не треба да разговарате премногу. Или пак да бидете пријателки. Тоа едноставно многу лесно може да тргне во погрешен правец, а дека тоа е така деновиве се увери и сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, која на еден настан реши да биде „фенси“ и да се дружи со неговата поранешна девојка.
Имено, тие на еден заеднички собир ја играа познатата игра „Никогаш не сум“, а во екипата беше и една поранешна девојка на Вилијам, пренесуваат странските медиуми.
И кога дојде нејзиниот ред, како што пренесуваат британските медиуми, таа изјавила дека „Никогаш не сум излегувала со двајца луѓе од оваа просторија“, а од нејзините зборови принцот останал шокиран.
Таа едноставно мораше да знае дека тој ќе се пронајде во нив, а и неговата сопруга која во тој момент седеше покрај него. Наводно принцот само ја погледнал со „поглед што убива“ и прокоментирал дека не му се верува што кажала таа, а војвотката до крајот не разменила ниту еден збор повеќе со неговата поранешна девојка.