Ова никој не го очекуваше од Карлеуша – драстично го промени имиџот, фановите изненадени
И покрај тешкиот период низ кој минува, Јелена Карлеуша реши да им се врати на своите деловни обврски
Познатата пејачка реши да ја скрати косата поради жалост за нејзината мајка Дивна која почина на 3 март. Но по неколку недели тагување и голема болка поради која не излегуваше од семејниот дом, реши да ја соблече црнината и на снимањето на „Гранд ѕвезди“ се појави во сценска облека.
Имено, таа се појави во костум во силна зелена нијанса, а на косата имаше надоградба во вид на „дредови“.
Today // #ZvezdeGranda #JelenaKarleusa pic.twitter.com/ytLBIgqcw2
— JELENA KARLEUSA NOW (@karleusanowTW) April 1, 2019
Маркетинг
Како што пренесуваат српските медиуми, Карлеуша не сакала да комуницира со новинарите, туку без коментар се прошетала пред камерите следена од своите телохранители.
Карлеуша по три недели се врати на снимањето на емисијата во која учествува како дел од жирито, а нејзините обожаватели и порачаа да биде силна во овие тешки моменти.