Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Зборување на телефон, спиење на една страна: Неколку работи од кои мора да се откажете за да имате убава и блескава кожа

Реклама

Сигурно веќе знаете дека за да имате убава кожа, потребно е да пиете многу вода, да користите хидратантен крем, да се храните здраво и да ја отстранувате шминката пред спиење. Но, за лицето да ви биде негувано и блескаво, а и за да изгледате помладо, потребно е да се откажете од некои лоши навики, а еве дел од нив.

ФОТО: freepik.com

Прескокнување на заштитниот фактор

Направете си услуга себеси и престанете да го игнорирате овој совет! Секојдневното користење крем со заштитен фактор ќе ви помогне да ја одбраните кожата од штетното влијание на сончевите зраци.

Зборување на телефон

Најдобро би било да користите слушалки, или пак секојдневно да го бришите екранот со антибактериски влажни марамици.

Маркетинг

Спиење на едната страна

Начинот на кој спиете влијае на појавата на брчки. Ако ја забивате главата во перницата, побрзо ќе ги добиете. Најдобро е да спиете на грб, но тоа може да биде тешка навика за некој, па ако не ви е удобно вака, обидете се барем секоја вечер да ја менувате страната на телото на која ќе заспивате, па барем малку ќе си помогнете да ги одложите брчките.

Груб пилинг на лицето

Пилингот е неизбежен чекор за постигнување убава и блескава кожа, но со премногу грубото триење ќе постигнете сосема спротивен ефект и ќе ја иритирате кожата.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button