„Значи ти сакаш да разговараш со мене” -ме праша Господ.
Реков – „Да, ако имаш време”.
„Моето време е Вечност” – ми одговори. „Прашај ме што сакaш, ќе се потрудам да ти одговорам”.
„Што најмногу те изненадува кај луѓето?”
„Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа повторно сакаат да бидат деца. Што го трошат здравјето за да стекнат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето. Што толку многу размислуваат за иднината, што ја забораваат сегашноста, а со тоа не живеат ниту во едната, ниту во другата. Што живеат како да нема никогаш да умрат и на крајот умираат како никогаш да не живееле”
Потоа го прашав:
„Како родител кои животни поуки би сакал твоите деца да ги запамтат?”
Со насмевка ми одговори:
„Да научат дека никого неможат да присилат да ги сака. Можат само да сакаат. Да научат дека не е важно материјалното што ќе го стекнат,туку суштинското какви ќе бидат во животот. Да научат дека не е убаво да се споредуваат со никого,туку да бидат свои. Да научат дека не е богат оној кој најмногу има,туку оној на кој најмалку му треба. Да научат дека се потребни секунди за да нанесат болка на саканата особа, а треба да поминат години за да се излечи болката. Да научат да простуваат … За да можат сами на себе да си простат. Да спознаат дека има личности кои секогаш нежно ќе ги сакаат,но тоа не можат да го кажат ниту покажат. Да научат дека со пари може да се купи се освен среќа и љубов. Да научат дека две особи може да гледаат во иста работа,а да ја видат различно. Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив… а сепак ги сака. Да научат дека не е доволно само да им простат другите,туку да си простат и сами на себе…“
„Луѓето ќе го заборават она што го кажавте. Луѓето ќе го заборават она што го направивте.“
„Но, тие никогаш нема да заборават какви чувства во нив сте разбранувале.“