Џенифер Лопез повторно во хеланки
Џенифер Лопез редовно можеме да ја видиме во спортски модели со кои оди на тренинг, а хеланки често носи и во кежуал изданија и кога оди во шопинг.
Па така деновиве можевме да ја видиме како носи хеланки за време на еден деловен состанок во Големото јаболко. Во прашање е нетипичен модел од кадифе кој го носеше со црна ролка и тренди розов капут од „Max Mara“, а целото издание го заокружи со кожена чанта и шик бели патики со потписот на модната куќа „Alexander McQueen“.
https://www.instagram.com/p/BsOKfvYlIEg/
Лила Филиповска во хеланки и зелен џемпер
Хеланки „фураат“ и нашите познати дами во своите обични „street style“ изданија, но тие најчесто се направени од еластин, додека модели од кадифе или велур дефинитивно не се секојдневен призор на нашите улици.
Овие модели ретко ги носат и познатите светски дами, а меѓу првите што сакаше да ги прослави е Ким Кардашијан.