Карлеуша ги изненади сите – не јадеше НИШТО, само пиеше таблети за смирување, па ослабна 10 килограми: Но реши да биде силна …
Пејачката откако и почина мајката не се појавува во медиумите
Јелена Карлеуша откако почина нејзината мајка, радио-водителката Дивна Карлеуша, времето го минува со своето семејство и не се појавува во медиумите. Таа во саботата се појави на гробиштата, а потоа, како што пренесува српскиот Курир, замина на ручек со најблиските.
Првите денови по смртта на Дивна таа не можела да стане од креветот, одбивала да јаде и не сакала да го напушти својот дом. Но собра сила и полека почна да се враќа во нирмала, и тоа најмногу заради тоа што и самата е мајка, и бидејќи им е потребна на децата, особено сега, откако нејзиниот сопруг Душко замина во Кина, вели изворот.
Нејзиното семејство на почетокот беше мошне загрижено за нејзиното здравје, но по семејниот ручек сите заклучиле дека Карлеуша е во многу подобра состојба отколку претходно. Таа првата недела по смртта на Дивна не сакала ништо да јаде, пиела само вода и лекарства за смирување за да може да заспие. Но како што вели изворот, на ручекот со семејството пејачката била во многу подобра ситуација, па дури и се шегувала додека разговарале што многумина ги израдувало бидејќи конечно се враќа во нормала.