Реклама
LIFESTYLEВирално

Ова девојче (8) две недели по ампутацијата на ногата повторно почна да танцува

Реклама

Осумгодишното девојче од Охајо, Теса Пума е доказ дека трагедиите во животот не треба да нѐ спречат да продолжиме да го правиме тоа што го сакаме.

Имено, таа имаше шест години кога заболела од стрептокока, воспаление на грлото кое се комплицирало до тој степен што морало на крај  да и ја ампутираат ногата.

Маркетинг

„Првично таа имаше симптоми на грип, што беше потврдено со тестовите, но сериозната бактериска инфекција постепено почнала да и ја уништува кожата и мускулното ткиво. Таа имаше само 20 отсто шанси за преживување”, пренесува „Inside Edition“. Стрептококата од групата А според Центарот за контрола на болести и превенција е најголемиот причинител за оваа состојба.

https://www.instagram.com/p/BtZREJ9gVtm/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Маркетинг

Нејзиното ткиво за нозе беше толку уништено што нејзините лекари мораа да ја ампутираат ногата над коленото за да и го спасат живот.

Нејзините родители во тоа време беа многу оптимисти и убедени дека нивната храбра девојка ќе го надмине сето ова. И што е најважно, продолжи со она што таа особено уживаше – танцување.

https://www.instagram.com/p/BuaPpYageym/?utm_source=ig_embed

„Знам дека ова нема да престане. Танцот е нејзиниот живот и таа сонува за денот кога ќе може да се врати на подиумот”, рече нејзината мајка, Тина Пума.

И таа беше во право. Малата Теса се вратила само две недели по нејзината ампутација на нејзиниот најголем животен сон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button