CelebrityНовостиХоливуд

Мел Би ја шокираше јавноста: Имав секс со колешка од „Спајс грлс“

Advertisement

Мел Би ја шокираше јавноста кога откри дека спиела со својата колешка Гери Хорнер во текот на нивната најголема слава во деведесеттите, па поради тоа нема сомнеж дека турнејата по повод враќањето на @Spice Girls” ќе биде загрозена.

Advertisement

Во шоуто “Piers Morgan’s Life Stories”, Мелани ги коментирала градите на колешката од групата, нарекувајќи ги одлични и опишала како дошло до таквиот однос, пренесува “Daily Mail”.

„Бевме најдобри пријателки и едноставно се случи. Се насмевнавме и тоа беше тоа”, изјавила Мел Би.

Сомнителните детали од нивната страст веќе привлекоа големо внимание и наводно го разлутиле сопругот на Гери, Кристијан Хорнер.

Advertisement

„Гери ќе ме мрази поради тоа бидејќи таа е во својата отмена селска куќа со сопругот, но тоа е факт”, додала Мел. Потоа, водителот Пирс Морган ја прашал поранешната спајсица колку често имале секс, а таа на шега го нарекла „перверзник”.

„Ова е изненадување. Никогаш не си го признала ова, зарем не? Луѓето ќе бидат фасцинирани”, ѝ рекол Пирс.

„Ќе ме убие и таа и нејзиниот сопруг. Се надевам дека кога некој ќе ја праша Гери за тоа, нема да се лути и демантира туку ќе признае бидејќи тоа е смешна работа”, додала пејачката.

„Таа е преубава во природа, има убави гради и добар задник“, изјави Мел Б.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button