Некои нови трендови владаат на скопските улици
![](/wp-content/uploads/2019/03/tranvestit2.jpg)
Продавачките на љубов и страст од темните улици се селат на социјалните мрежи, а Македонија и во ова не е исклучок. Имено, на една страна на Фејсбук транвестит нуди услуга – дискретни релакс масажи, а има објавено и своја фотографија на која носи женски чорапи.
![](/wp-content/uploads/2019/03/tranvestit.jpg)
Масажи, транвестити и пари
Токму услугите како „Масажа за опуштање“, „Релакс масажа на целото тело“, „Масажа тело на тело“, најчесто претставуваат камуфлажа зад која се нуди проституција. Но бидејќи огласување на проституцијата е забрането со закон, сексуалните работнички наместо експлицитен оглас, нудат најразлични видови на масажа, а во овој бизнис има и мажи и жени, транвестите, трансексуалци, млади и стари, здрави и болни. Шаролик е и профилот на клиентите, кои бараат одреден вид на сексуална услуга, додека за сите лица кои нудат сексуални услуги заеднички мотив им се парите.
Инаку, своите услуги ноќните дами ги пружаат во станови или соби во кои што живеат, но и во грмушки, под мостови, автомобили и на сите други места во близина на местото на кое што го нудат своето тело за пари.
![](/wp-content/uploads/2019/03/tranvestit1.jpg)
Цената се движи во зависност од услугата, а како и во секоја друга професија, постои и луксузна понуда, односно елитна проституција каде еден час со овие дами изнесува од 200 евра па нагоре. Постојат и дами кои со парите што ги заработуваат го дополнуваат домашниот буџет, односно имаат изнајмено стан или простор за својата работа и никој од семејството и најблиските не знае дека на своите клиенти им нудат секс за пари. Истото е и со транвеститите – најчесто никој од нивното опкружување не знае со што се занимаваат и дека ги возбудува кога се облекуваат како жени.
Конкретно транвеститот што ги нуди овие услуги во Скојпе (профилот нема да го откриеме), има свој профил на социјалните мрежи, каде обавува свои фотографии, но неговото лице секогаш е скриено.