Погледнете во каков луксузен пентхаус живеат Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер
Кога избраа стан, Ана имаше само еден услов, што не беше тешко да се исполни
Познатиот пар Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер одамна живеат во Чикаго поради фудбалските обврски на нејзиниот сопруг.
Апартманот во кој живеат се наоѓа во хотелот „Валдорф Асторија” и има поглед на прекрасното езеро Мичиген. Според неофицијални информации, изнајмувањето на овој стан чини околу 30.000 евра, а во случај на продажба, сопствениците ќе заработат неверојатни 10 милиони евра.
Кога тие го избрале градот каде што ќе живеат, Ана имаше само еден услов, и тој гласеше – тераса, која, секако, е нешто што треба да се наоѓа во стан кој чини толку многу пари.
Пентхаусот се состои од дневна соба, семејна соба, трпезарија, и во него има пет бањи, кои се опремени со најсовремена елементи и имаат два лавабоа и два туша за вкупен простор од 230 квадратни метри.