Со само една објава на Инстаграм Сенида предизвика вистинска еуфорија! За 25-ти март, контроверзната пејачка ќе го објави нејзиниот прв музички албум под наслов „Без тебе” и успеа да го израдува целиот регион.
Популарната Словенка со црногорски корени, за само една година го стекна статусот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот! Таа го сврти вниманието кон себе со песната „Слаѓана”, и секоја од нејзините следни песни и донесе уште поголема популарност. Како кулминација на досегашното музичко патување, ќе се случи нејзиниот соло албум „Без тебе” во издание на „Bassivity Digital“.
Минатиот петок, Сенида се обрати и до светската публика, објавувајќи го синглот „Ride” на англиски јазик.
„На Англиски се пее убаво, ви овозможува да ја покажете вашата емоција и да ги натерате сите да размислуваат на вистинскиот начин. Ќе пеам на секој јазик, но само ако се чувствувам така “, објаснува таа.
По речиси десет години кариера, Сенида сега е една од најпознатите пејачки на Балканот.
https://www.instagram.com/p/Bu3WU-wF6kI/
Таа со сојот стил и автентична појава е дочекана како вистинско освежување во овој регион, а нејзината музика е препознатлива како спој на различни жанрови (R & B, hip-hop, trep) и нејзиниот уникатен вокал.
https://www.instagram.com/p/Buyc6Dkl1Y7/
Погледнете го спотот за песната “Ride”.
А еве ги и останатите нејзини хитови: