Менувањето на годишните доби секогаш предизвикува пад на имунитетот, па потребно е дополнително да го зајакнете, со цел да ги изнегнете настинките.
Доколку ги применувате следниве совети, ќе бидете поздрави, а пролетниот умор ќе ве заобиколи.
Најпрво, потрудете се ноќта да спиете од седум до осум часови без прекин, а имајте навика да легнувате пред полноќ. Истражувањата покажале дека телото го доживува недостатокот на сон исто како и силен стрес. Затоа, редовно вежбајте и практикувајте го оној спорт кој најмногу ви одговара, зашто колку сте поактивни физички, толку имунитетот ќе ви биде подобар. Внесувајте храна богата со хранливи влакна и омега 3 масни киселини, како лосос, ленено семе. чиа семе, како и што е можно повеќе сезонско овошје и зеленчук. Пијте сурутка, затоа што таа изобилува со аминокиселина и е силен антиоксиданс која го зајакнува телото и го прави отпорно на бактери и и вируси.
Сурутката исто така ја подобрува функцијата на црниот дроб, го намалува притисокот и го зголемува нивото на серотонин во мозокот. Исто така треба да јадете и чорба од домати, да пиете чај од камилица и за крај, обидете се што е можно повеќе време да поминувате надвор и да се прилагодите на годишното време кое веќе ни пристигна.