Реклама
Вирално

Го спаси кутрето од сигурна смрт и сега го бара сопственикот

Реклама

Големо БРАВО за овој Македонец

Фото: Фејсбук/ Ljupco Curevski

Интернетот е преполн со тажни приказни за напуштени, гладни и ранети животни. Се уше постојат луѓе кои без грижа на совеста можат да подигнат рака на суштество кое е послабо од нив. Или несовесни возачи кои ќе удрат животно и ќе го остават да се мачи и да умира во агонија. Но постојат и оние кои на таквите суштества се обидуваат безрезервно да им помогнат. Без двоумење. Таков е и овој јунак која направи добро дело спасувајќи го ова мило кутре.

Неговиот текст ќе ви го пренесеме во целост, онака како што тој самиот го напиша на својот профил на Фејсбук.

Маркетинг

„Денеска (15.03.2019) околу 08:10 часот на булеварот во населбата Лисиче во близина на автосервисот “Море” од страна на несовесен возач на Опел Астра во бела боја беше згазено кутре од расата „Кен Расел”. Кутрето даваше знаци на живот и веднаш го однесов кај ветеринарот Марин, кој за среќа беше во ординација и веднаш почна со терапија за да го спаси себеси во што и успеа, секоја чест за трудот и умешноста. Кутрето е чипирано, но во моментот системот на ниво на Македонија не работеше така да не можеше да се види кој е сопственикот на кутрето. Тоа е сега кај него на посматрање да не има внатрешно крварење или да не дојде до некои здравствени компликации. Јас ги молам сите што ќе го прочитаат постот да го споделат како побрзо би го пронашле сопственикот на кутрето.“

Маркетинг

Па големо браво за овој јунак – ни го разубави денот.

Се надеваме дека и на вас нема да ви биде тешко да го споделите овој текст, да се обидеме заеднички да го најдеме сопственикот на ова кутре.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button